сабота, 27 јули 2024

Соработничка на Навални осудена на 9 години затвор

Соработничката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е осудена на девет години затвор. Ксенија Фадејева (31) е поранешна општинска советничка која го водеше тимот на Навални во градот Томск, а осудена е за „основање на екстремистичка организација“.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Нејзините адвокати најавија жалба на пресудата, тврдејќи дека Фадеева ги прекинала активностите во организацијата на Навални пред властите да ја прогласат за екстремистичка во 2021 година.

Во 2020 година, Фадеева беше избрана во градскиот совет на Томск заедно со други независни активисти на Сибир, што се сметаше за редок успех на руската опозиција во тоа време. Но, властите ги прогласија изборните тимови на Навални за „екстремистички“ во 2021 година, ставајќи ги сите негови поддржувачи и соработници на ризик од кривично гонење.

Навални, најистакнатиот критичар на Владимир Путин, моментално отслужува 19-годишна затворска казна под обвинение за екстремизам. Тој беше отруен во Томск во 2020 година за време на предизборна посета за поддршка на своите локални соработници. Потоа тешко болен беше пренесен на лекување во Германија, а потоа по враќањето во Русија беше уапсен и осуден на затворска казна, пишува Скај њуз.

Пред апсењето, тој водеше кампања против официјалната корупција и организираше големи протести против Кремљ. Многу негови блиски соработници беа принудени да ја напуштат Русија. Соработникот на Навални, Леонид Волков, рече дека тој ја повикал Фадеева да избега од Русија, но таа одбила поради својата одговорност кон гласачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ