понеделник, 10 март 2025

Соработката на ревизорите со Собранието ја зајакнува независноста на Државниот завод за ревизија

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, денеска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, заменикот на држаниот ревизор, Орхан Адеми, претседателот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Никола Н. Ковачевиќ и членот на Сенатот на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, Бранислав Радуловиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од собраниската прес-служба, Милошоски со гостите ја споделил успешноста на соработката на Собранието со Државниот завод за ревизија. Притоа, истакнал дека со потпишувањето на меморандумот за соработка на Собранието со Државниот завод за ревизија, се овозможило конечните ревизорски извештаи да бидат предмет на разгледување во законодавниот дом.

Со тоа, рекол, од една страна се зголемува притисокот врз институциите да го коригираат своето работење, а од друга страна се зајакнува независноста на Државниот завод за ревизија.

Од друга страна, Ковачевиќ, како прв човек на Сенатот, говорел за структурата и работата на Врховната ревизорска институција на Црна Гора, но и за соработката со парламентот на Црна Гора.

Соговорниците се согласиле за неопходноста од независни и силни ревизорски институции. Било речено дека е широка лепезата на активности кои можат да бидат предмет на ревизорски извештаи, но за нивната вредност да може да биде апсорбирана од јавноста, неопходна е улогата на парламентите.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ