Познато е дека во земјава има многу згради од државен и јавен карактер, како што се згради од подрачни единици на државни органи, згради на локалната самоуправа, згради на јавни претпријатија, згради на училишта, факултети, објекти од здравството итн. Сите вакви објекти надвор од Скопје најчесто имаат инсталирано сопствено централно греење на нафта, а поретко на мазут и електрична енергија. Греењето со нафта (и мазут) треба да се исфрли од употреба од повеќе причини: локално загадување на воздухот, високи финансиски трошоци, емисии на јаглерод-диоксид (учество во глобално затоплување). Греењето со електрична енергија е чисто, но финансиските трошоци се многу високи кај овие системи.
Како можна опција за подобрување на овие системи во јавноста се наметнува користење на приоден гас. Значи, котелот што користи нафта или мазут да се адаптира или да се замени со нов на природен гас, но тука се јавуваат други проблеми. Гасоводната мрежа низ земјава е во фаза на изградба, а потоа треба да се гради дистрибуциска цевководна мрежа. Мора да се нагласи дека во јавноста е создадена и погрешна перцепција дека природниот гас е еколошко гориво. Тоа не е точно бидејќи природниот гас е фосилно гориво и со негово согорување се ослободува СО2. Во некои развиени земји е донесен пропис за забрана на користење на природен гас за греење на новите згради што ќе се градат по 2025 година.
Како најдобро решение за греење се препорачува греење со топлински пумпи. Принципот на работа на топлинската пумпа е следниов: се одзема топлина од околината (надворешен воздух, вода, земја), со помош на мотор-компресор се подигнува температурното ниво и топлината се предава во просторијата (или системот) за греење. Притоа, се троши електрична енергија во мотор-компресорот. Наједноставна топлинска пумпа што граѓаните веќе ја знаат е клима уредот. Тоа е топлинска пумпа воздух-воздух, односно инвертер клима уред. Постојат разни опции кај овој тип: мулти сплит систем со една надворешна (заедничка) единица и две или повеќе внатрешни единици (за повеќе простории).
Во последно време многу применливо решение е топлинската пумпа воздух-вода. Кај неа, се одзема топлина од надворешниот воздух, а во друг топлински разменувач се загрева вода која со помош на пумпа циркулира во цевководен систем до грејни тела, а тие можат да бидат: вентилаторски конвектори (т.н. фенкоил апарати), цевни змии со (подно греење), алуминиумски или панелни радијатори и цевни регистри – пешкирачи. Кај овие топлински пумпи водата се загрева до 50 оС (т.пумпа може да грее и до 65 Целзиусови степени), а кај подното греење до 35степени. Кај овие системи составен дел е и дури препорачлива опција можноста за греење на санитарна топла вода. А во летниот период може да се стави во режим на ладење при што со помош на вентилаторските конвектори се врши ладење на воздухот во просториите (климатизација). Значи, нема потреба од додатни клима уреди за ладење како на пример кога имате друг тип на систем за греење.
Дигиталната технологија денес е навлезена во разни системи, а таков е случајот и со топлинските пумпи. Составен дел на централното греење со топлинска пумпа е дигиталниот контролер кој има голем број опции: сетирање на саканата температура, програмирање на разни температури во текот на денот, далечинска контрола (од друга локација) преку интернет итн. Со дигиталната регулација има можност за штедење на енергија и истовремено се овозможува бараниот комфор во секое време од годината.
Системот на централно греење со топлинска пумпа воздух-вода има повисока цена како почетна инвестиција во споредба со останатите решенија. Но ако се земе предвид помалата потрошувачка на енергија, разликата во цените се намалува заради заштедената енергија во текот на времето. Има и една друга компонента во споредбата, а тоа се многу поволните комфорни услови што ги овозможуваат овие системи. И нема потреба од купување на додатни клима уреди за ладење.
Топлинските пумпи трошат 4 до 5 пати помалку електрична енергија во споредба со електричните греалки (панелки) и термоакомулационите печки во кои има електроотпорни грејачи. Според Меѓународната агенција за енергија (со седиште во Париз), системите за греење со топлински пумпи ќе бидат најзастапени во периодот што доаѓа, под претпоставка дека во нив се троши електрична енергија добиена од обновливи извори.
Енергија доо е специјализирана компанија за централни решенија со топлински пумпи за греење, ладење и припрема на санитарна топла вода. Компанијата е формирана уште во 2005 година, генерални застапници за Toshiba, Carrier и Haier Air Conditioining и нуди опрема како што се инвертер клима уреди, топлински пумпи, мулти инвертер и ВРФ системи, чилери итн. Во фирмата работат машински инженери од областа на термотехника со долгогодишно искуство за вакви системи. Важен дел од компанијата е и специјализираниот сервис составен од обучени сервисери за фреонски уреди и инсталации кои имаат долгогодишно искуство во сервис и одржување на оваа опрема. Во компанијата може да добиете решение за најмали простории од 20-30m2 па се до големи станбени, деловни и индустриски објекти.
Комерцијален текст