По поразот од Тотнем на Олд Трафорд се вратија гласините за отказ на Олд Трафорд, се говореше дека стратегот би можел да го напушти Манчестер јунајтед доколку „ѓаволите“ потфрлат против Порто и Астон Вила.
Па новинарите денеска се обидоа да добијат одговор од сопственикот Сер Џим Ратклиф.
Запрашан дали и понтаму има верба во Тен Хаг, Ратклиф рече: „Мислам дека не сакам да одговорам на прашањето… Можам само да речам дека ми се допаѓа Ерик“.
„Мислам дека е многу добар тренер, но на крајот од денот јас не одлучувам за неговата иднина, тимот кој раководи со Манчестер јунајтед ќе одлучи што е најдобро за клубот“.
Тој потоа додаде: „Нашата цел е да го вратиме Манчестер јунајтед на победнички патеки, на местото на кое припаѓа и јасно е дека се уште не сме таму, не чека уште многу работа“.