недела, 19 мај 2024
Сомнителна зделка од речиси 76 милиони фунти

Сопствениците на Челси сами на себе си продале два хотели за да се спасат од одземање на бодови

Челси направил сомнителна зделка, продал два хотели за речиси 76 милиони фунти со цел да се намалат загубите, а со тоа да се избегне прекршување на правилата за ФФП и одземање на бодови.

Објавено на

часот

Сподели

Откако сопственоста на Челси премина во рацете на конзорциум предводен од Тод Боли, „сините“ трошеа како никој друг и одвоија повеќе 1 милијарда фунти на нови играчи.

И покрај тоа што се потпишуваа долгогодишни договори за сумата да се амортизира на подолг рок, „сините“ бележат големи загуби и ризикуваат да ги прекршат правилата за Финансиски фер плеј, а со тоа и да им бидат одземени бодови.

Последните информации сигурно нема да им се допаднат на ривалите, Челси продал два хотели за речиси 76 милиони фунти со цел да ги намали загубите.

Сомнително е тоа што компанијата која ги купува хотелите е во сопственост на Тод Боли и неговите соработници, па испаѓа дека тие сами на себе си продаваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ