недела, 20 октомври 2024

Сопружници на возраст од 70 и 75 години се превртеа со возило

Возило со велешки регистерски таблички утрово излетало од регионалниот пат кај Велес, поточно на потегот кај селата Извор и Бусилци, информираат од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Оттаму велат дека повредени се сопружници, од кои 70-годишната жена како сопатник во возилото фиат браво има потешки повреди, а нејзниот 75-годишен сопруг како возач има полесни повреди. Повредените се пренесени во велешката болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ