сабота, 27 јули 2024

Сопружници на Богородица се обиделе нелегално да изнесат 11.800 долари

Царинaта спречи обид на двајца сопружници нелегално да изнесат од државата девизи во вредност од 16 илјади долари. Сопружниците, инаку македонски државјани, на излез од државата на граничен премин Богородица на прашање од страна на мобилни инспектори дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо.

Објавено на

часот

Сподели

При извршена детална контрола на возилото во предната касета биле пронајдени 16 илјади долари. Согласно Законот за девизно работење на двете лица им се вратени по 2.100 долари, а останатите 11.800 се привремено одземени.
По земање на изјави од патниците, против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок.
Ги известуваме граѓаните дека при излез од државата можат да носат ефективни странски пари во износ од 2 илјади евра по лице. Доколку изнесуваат девизи во износ од над 2 илјади евра, должни се да ги пријават на царинскиот орган со презентирање на потврда од овластена банка или менувачница. Девизи во вредност од над 10 илјади евра не е дозволено да се изнесуваат, соопшти Царинската управа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ