вторник, 8 октомври 2024

Сопругот на починатата жена заврши во полиција, мртва беше најдена и нивната ќерка

Педесетгодишниот Р.Ш., сопруг на починатата 36-годишна К.Ш, која заедно со нејзината керќа беше пронајдена мртва во домот во тетовското село Слатино, по укажаната медицинска помош во тетовската болница, со полициско возило е во тетовската полиција.

Објавено на

часот

Сподели

Како што веќе објавивме во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка.

Докторот бил повикан од мајката на почината К.Ш (36).

„Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син, се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржано во полициска станица за понатамошна постапка“, информираат од СВР Тетово.

По наредба на обвинителот телата на починатите биле предадени за обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ