Мирјана Пуканиќ била пронајдена мртва од нејзина пријателка. Од полицијата велат дека на телото на починатата нема траги од насилство. Во текот на денов се очекува и официјална информација за причините за смртта. Во 2009 година против Мирјана Пуканиќ беше покренато обвинение за поседување на 15,4 грама кокаин. Подоцна, обвинението беше сменето откако судските власти не успеаја да докажат дека дрогата е нејзина.
Иво Пуканиќ и директорот на маркетингот во весникот беа разнесени од силна експлозија во дворот на редакцијата на списанието „Национал“ на 23 октомври 2008 година во центарот на Загреб. Српскиот „крал на дрогата“ Сретен Јоциќ, попознат како Јоца Амстердам, се смета за главен организатор на атентатот. Во моментов тој се наоѓа во затвор во Белград.
Сопругата на убиениот новинар Пуканиќ пронајдена мртва
Објавено на
часот