Асма се обрати до рускиот суд и побара посебна дозвола да ја напушти Москва. Нејзината апликација моментално ја оценуваат руските власти.
Асма има двојно британско-сириско државјанство, родена е и израсната во Лондон, објави Би-би-си. Асма се преселила во Сирија во 2000 година и се омажила за Асад истата година, на 25-годишна возраст.
Иако неговото барање за азил во Москва беше прифатено, Башар ал Асад, наводно, сè уште е под строги ограничувања. Нему не му е дозволено да ја напушти Москва или да се занимава со какви било политички активности.
Руските власти го замрзнаа и неговиот имот и пари. Неговиот имот вклучува 270 килограми злато, 2 милијарди долари и 18 станови во Москва.
Братот на Башар ал Асад, Махер ал Асад, не добил азил во Русија и неговото барање сè уште се разгледува, јавуваат саудиските и турските медиуми. Махер и неговото семејство се во домашен притвор во Русија.
Асад беше соборен на почетокот на декември за време на офанзивата на бунтовничките сили предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС). Иако ХТС е регистрирана како терористичка организација од страна на Соединетите Држави, САД одлучија да ја укинат наградата од 10 милиони долари за главата на водачот на ХТС Абу Мохамад ал-Џолани.
Семејството на Асад беше на власт во Сирија повеќе од 50 години.