сабота, 27 јули 2024

Сопки во собирањето потписи уште на првиот ден, смета кандидатката за претседател Ванковска

Кандидатката на Левица за претседател на Македонија, професорката Билјана Ванковска на првиот ден од собирањето потписи од граѓани за нејзината кандидатура, смета  дека наидоа на сопки. Објектите на некои локални изборни комисии се или недостапни за лица со инвалидитет, или снемува струја, вели таа и додава дека се сомнева оти цел на напади е и нејзината веб-страница отворена токму за изборите.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Кандидатката на Левица за претседател на државата Билјана Ванковска на денешната прес-конференција укажа на недоследности во постапката за собирањето потписи и побара еднаква можност за сите кандидати.

„Ние уште вчера апелиравме дека во неколку подрачни единции на Државната изборна комисија (ДИК) во разни локални средини пристапот до канцелариите е отежнат особено за лица со инвалидитет, повозрасни и слично, таква е ситуацијата во Штип. Ние подготвивме барање, приговор до ДИК и веднаш ќе го поднесеме. Таква е слична ситуацијата дури и во општината Карпош каде, по еден така нагорен пат по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат здравствен проблем. Добив инфорамација дека токму во Карпош во подрачната единица снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно“, изјави Ванковска.

Таа информира дека од утрово не работела нејзината официјална веб – страница.

„Нашата извонредна веб – страница располага со сите податоци, интерактивна е, но таа од утрово не работи, едната верзија би била дека има многу интерес за Ванковска, па сите кликаат, камо среќа да е така, но другата верзија вели дека ботови веќе почнале намерно да кликаат за да ја оневозможат. Ние сме решени да одиме и по потешкиот пат, тука сметаме на вашата помош во смисла на пренесување на овие сопки кои сметаме дека се непринципиелни затоа што ние се уште не сме никаква закана, а ако некој веќе ме чувствува како закана треба да се запраша јавноста зошто е тоа така“ подвлече таа.

Ванковска посочи дека Државната изборна комисија немала слух за потребите на помалите политички субјекти.

„Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне. Накусо, подговени сме да се соочуваме со мал милион проблеми и за таа цел и како пркос ние очекуваме граѓаните навистина да покажат авантуристички политички дух да ни дадат еднаква можност да се презентираме себе си со нашите програми, знаења и визии, затоа што играме во една трка која нема да биде чиста и не е чиста од првиот ден“, рече Ванковска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ