сабота, 27 јули 2024
Владата даде позитивно мислење

Сопиште ќе добие ново основно училиште

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за образование и наука, училиштето ќе се основа со поделба од веќе постоечкото основно училиште „Драга Стојановска“ во село Ракотинци.

Во состав на новото училиште се планира да бидат и подрачните училишта во с. Св.Петка и с.Патишка Река, а наставата ќе се одвива во веќе постоечки објекти, кои ги исполнуваат стандардите предвидени за нормално функционирање на воспитно-образовниот процес.

„Во новото основно училиште „Дитурија“ во с.Чифлик ќе се реализира воспитно – образовна работа од прво до деветто одделение, а училишниот објект може да опфати околу 300 ученици. По 300 ученици можат да бидат опфатени и во објектите на ПОУ Патишка Река и ПОУ Св.Петка. Наставата ќе се изведува на албански наставен јазик, за што се обезбедени наставници за сите предмети од одделенска и предметна настава“, наведуваат од Министерство за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ