Поради дефект на улица „7“ без број во Батинци, денеска прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од ова населено место. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Без вода денеска од 9 часот ќе бидат и дел од жителите од општина Карпош. Прекинот е поради дефект на улица „Никола Парапунов“ 27. Водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се санира дефектот.