сабота, 27 јули 2024

Сопатничка тешко повредена откако возач со автомобил излета од патот

Вчера во 12.19 часот во СВР Битола било пријавено дека кај с.Оптичари, битолско, на патот Битола-граница со Република Грција, патничко возило рено меган со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(67) од Битола, излетало од коловозот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, сопатничката З.П.(84) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ