сабота, 27 јули 2024
Околу полноќ на бул: АСНОМ во Скопје

Сопатничка од автомобилот е тешко повредена, повредени се и двајцата возачи во судирот со автобус

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска на бул. АСНОМ во Скопје меѓу автобус на ЈСП Скопје и патничко возило.  Со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, а со телесни повреди двајцата возачи, потврдија од СВР Скопје. 

Објавено на

часот

Сподели

Ноќеска вo 23.50 часот во полиција било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.АСНОМ со сервисна улица се случи сообраќајна несреќа помеѓу автомобил марка БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(29) од Скопје, и автобус на ЈСП, управуван од С.Б.(33) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот С.М.(33) од Кочани, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во скопската Клиника и во градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, изјавија од СВР Скопје.

Сообраќајот и утрово се одвиваше по една лента.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ