четврток, 2 јануари 2025

Сообраќајот во зимски услови, АМСМ препорачува внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Согласно Одобрение, од 19 декември воведена е времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А1 делница Фариш – Прилеп поради санација на ударни дупки, што ќе трае до завршување на градежните работи, известуваат од  “Доо Стентон Градба – Битола”.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15.11.2024 е затворен за сообраќај за сите видови возила.

Од 15.11.2024 година започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ