Исто така, се наведува во соопштението на министерството, на располагање се ставени и „трети лица” (компании кои соработуваат со Македонија пат) и истите се вклучени во расчистување на снегот на магистралните и регионалните патишта.
Од Министерството за транспорт апелираат до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.
„Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови со кажест снег на коловозот и затоа апелираме да се следи временската состојба и сите граѓани кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта“, се вели во соопштението.
Се додава дека Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.
Ценарот за управување со кризи (ЦУК) – Скопје, известува дека според добиените информации од Кризниот штаб за координирање на активностите од Програмата за одржување на магистрални и собирни улици на подрачјето на Град Скопје, улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје се проодни за одвивање на сообраќајот, но под отежнати зимски услови, а во дел од општините сообраќајот се одвива во отежнати зимски услови, но надлежните континуирано ги расчистуваат патните правци.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) – Велес, извести дека во општина Чашка во селата Јасеново и Богомила има врнежи со снег и истите во мометот се чистат од страна на Комуналното претпријатие.
„Истите се проодни за сообраќај. Во општините Велес и Градско има врнежи, но сите патни правци се проодни и исто така редовно од рани утрински часови се чистат. На територијата на општините Свети Николе и Лозово сите патни правци се проодни и со машинерија (три камиони) се чистат константно и се посолуваат. На територијата на општините Неготино и Демир Капија нема врнежи, сите патни правци се проодни и се чистат со машинерија од страна страна на Македонија пат-пункт Неготино. Сите патни правци во општина Кавадарци се проодни за сообраќај во зимски услови и истите се редовно се чистат од страна на Комуналното претпријатие. До овој момент немаат информација дека е нешто затворено“, информираа од РЦУК Велес.
РЦУК – Битола информираше дека на територијата што ја покрива нема непроодни места и други последици од врнежите од снег. Во моментов активни се зимските служби за одржување на патишта и во помалите населени места се работи на расчистување и на улиците. На места има има мали остстоци од кашест снег.
Според РЦУК – Струмица сите патни правци на Струмичкиот регион(Струмица, Босилово, Василево, Ново Село, Радовиш, Конче, Валандово, Гевгелија, Богданци, Дојран) се проодни во зимски услови.
РЦУК – Штип, извести дека од субјектите задолжени за зимско одржување на патиштата на територијата на Регион Исток е добиено известување дека сите расположиви возила за чистење на патишта се излезени и се чистат патиштата според утврдениот приоритет.
„Патните правци се проодни во зимски услови со снег по коловозот, а патните правци кон населените места во планиските делови се тешко проодни. Во 09:53 преку број за итни повици 112 добиена е пријава за пет малолетни лица и едно возрасно лице кои поради обилните снежни врнежи се заглавени во село Рајчани, Општина Кочани и не можат да се симнат во Кочани. Контактирано е со СВР Штип, ПС Кочани, лицето за контакт од општина Кочани, градоначалникот на Општина Кочани, доброволната спасителна служба Осогово од Кочани за координирање на активностите“, информираа од РЦУК Штип.
РЦУК – Охрид, известува дека состојбата на територијата што ја покрива во моментот е редовна. Сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно по влажни коловози во зимски услови.
РЦУК – Куманово извести дека сообраќајот на државните патишта што се под нивна надлежност се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег, по интервенција од страна на екипите на Македонија пат се опесочени и исчистени и се продни. Одрони нема.
„Се чистат магистралните и регионалните патни правци со приоритет. Регионалниот пат Арбанашко нема да се чисти денеска. Засега нема инаформација дали патот е прооден, но во текот на утрешниот ден ќе се интервенира“, информираа од РЦУК Куманово.
Железничкиот сообраќај се одвива нормално
Македонски железници информираа дека патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои „брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП Инфраструктура на терен“.
„Посебен акцент е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови. Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници. Јавното претпријатие Инфраструктура – Железници исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот“, информираа од Македоснки железници.
И.О.