Портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи за МИА потврди дека вакви состојби се појавуваат во период кога има зголемен број на туристи.
„Вообичаено во зимскиот период сообраќајот се регулира со кружен тек околу езерото. Некои не ја испочитувале препораката и заглавиле при разминување“, вели Реџепи.
Во меѓувреме, полициски службеници го регулираат сообраќајот од Бунец кон Леуново и ги пропуштаат возилата наизменично.
Попладнево на социјалните мрежи имаше реакции од возачи и туристи кои се пожалија дека стојат повеќе часови во место.
Одвивањето на сообраќајот е отежнато и заради снегот којшто го стеснува коловозот. Од СВР Тетово побарале од ЈП Македонија пат да испратат специјални возила и да го исчистат снегот. Според најавите, до 21:30 треба да се обезбеди подобар проток на возила.