„Од 15:50 часот целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102“, информираат од Македонијпат.
Оттаму претходно известија дека од 14:30 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан, а се укинува забраната за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона на граничниот премин Делчево кон Бугарија е укината.
Сѐ уште се активни забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево на превоите Пресека и Плетвар, Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема). Од 8:50 часот поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај сeло Миравци, тешките товарни возила се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија. Од 9:30 е воведена забрана и на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато како и на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос.
Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег.