среда, 23 октомври 2024

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено со умерен интензитет

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април 2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ