недела, 20 октомври 2024

Сообраќајни несреќи со тешко повредени, граѓани искасани од кучиња скитници, дел од билтенот на МВР

Две сообраќајни несреќи со двајца тешко повредени патници, но и пријави за граѓани искасани од улични кучиња се регистрирани во предпладневниот билтен на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Објавено на

часот

Сподели

Вчера наутро во полициската станица Неготино било пријавено дека на патниот правец  Демир Капија– Неготино, во близина на место викано Острово, товарно возило ман со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г. од Неготино, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Неготино.

Вчерата пак, 30 минути после 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Џон Кенеди се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди а 4 со германски национални ознаки, управувано од Ј.Х. од Сојузна Република Германија и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од О.Б. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во изминатите 24 часа во МВР стигнале пријави од граѓани искасани од кучиња скитници и тоа два случаи во Велес и еден случај во селото Кесендере, кавадаречко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ