сабота, 27 јули 2024

Сообраќајка близу Росоман има и повредени

Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 7:40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучката Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило опел со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р. од Скопје и товарно возило ивеко со бугарски национални ознаки, управувано од А.З. од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци“, појаснија од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ