сабота, 27 јули 2024

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци, соопштија од Македонија пат, можна е појава на поситни одрони. Утрово до 7:30 часот се измерени минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран.

 

Објавено на

часот

Сподели

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, пишува во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Утрово до 7:30 часот се измерени минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран.

Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охрид и во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот била пет сантиметри на Попова Шапка.

Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево со мала локална облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец, соопштија од УХМР.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 5 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ