Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од Македонија пат апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, пишува во соопштението, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Утрово до 7:30 часот се измерени минусни тепературни. Најстудено со – 13 степени во Берово, најтопло со – 4 степени во Дојран.
Како што соопштија од УХМР измерени се -10 степени во Скопје-Петровец, -9 Крива Паланка, Штип, Струмица, Демир Капија, Прилеп, Битола и Велес, -8 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Кавадарци и Крушево, -7 Маврови Анови, Претор, Виница и Дебар, како и -6 степени во Охрид и во Гевгелија.
Висината на снежната покривка во 7 часот била пет сантиметри на Попова Шапка.
Во текот на ноќта времето беше ведро и тивко. Изутринава е сончево со мала локална облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец, соопштија од УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Максималната температура ќе достигне 5 степени.