Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.
„Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот“, изјави вчера Темелкоски.
Силно невреме со дожд и град синоќа предизвика свлечиште на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа.
По неколкучасовна интензивна работа наносот од земја на патот Охрид – Св. Наум е расчистен.
Досега, официјално, нема пријавено штета, освен реакции од граѓани за прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Фото: Охридњуз