По претходно санирање на штетите на патот од невремето во Делчево, утрово патот е приспособен и пуштен за сообраќај за сите видови возила.
Како што истакнаа од подружницата на Македонија Пат, санацијата продолжува и наредните денови со цел целосно нормализирање на сообраќајот на магистралата А3 кај Делчево.
Минатата недела, невреме со пороен дожд, врнежи од град и грмежи ги зафати Делчево и околните населени места. Поплавени беа повеќе од 60 објекти во населбата Пролет и на улицата Индустриска. Поголем дел од градот остана без струја и беше прогласена елементарна непогода.