недела, 20 октомври 2024

Сообраќајната полиција за четири часа напиша 376 казни

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 16 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 376 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 21 возачи за возење без возачка дозвола, а три возила биле со неисправен уред за сопирање. На вонреден технички преглед биле упатени 58 возила, а кај 10 биле констатирани технички неисправности, велат од МВР и апелираат да се почитуваат сообраќајните знаци и правила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ