сабота, 27 јули 2024

Сообраќајната полиција казнуваше за брзо возење, зборување на телефон…

Со радарска контрола на улиците и патиштата  сообраќајната полиција вчера регистрира 148 возачи кои ја надминале дозволената брзина, од нив 20 се казнети во Скопје. Полицијата изрече и други казни, меѓу кои и за користење на мобилен телефон за време на возењето.

Објавено на

часот

Сподели

Од казнетите 148 возачи, шестмина возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а еден со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 73 надвор од населено место.
На територијата на Скопје изречени се вкупно 179 казни, меѓу кои 20 за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, предупредуваат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ