сабота, 27 јули 2024

Сообраќајка во Рогачево, тешко повредена сопатничка

Објавено на

часот

Сподели

Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на тетовско Рогачево, патничко моторно возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки управувано од 19-годишната З.И. од тетовско Јажинце излетало од коловоз и удрило во бетонски столб. Во несреќата, сопатничката во возилото Џ.И. (55), исто така, од Јажинце добила тешки телесни повреди, а З.И.телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ