Ова, според познавачи, е импресивен број и рекорд, особено ако се земат предвид проблемите со синџирот на снабдување, коишто ја ограничија испораката по ноември 2020 година. На ПС-5 конзолата ѝ требаше само една недела подолго да ја премине „магичната линија“ на „четворката“ т.е. претходникот што сепак ги немаше тие пречки, предизвикани главно од корона-пандемијата.
Сони ПС-5 ги надмина и соперничките конзоли – Икс-бокс сериите Икс и С на „Мајкрософт“, за речиси 3:1 оваа година. Сепак, можно е Мајкрософт да има поинаква цел – поголема сосредоточеност на претплати на Икс-бокс гејм пас, коишто им овозможуваат на играчите да стримуваат наслови преку „облакот“ и да играат видеоигри на компјутер.