понеделник, 17 јуни 2024
Време

Сончево утро, попладне дожд

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. 

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

И во недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ