Во Скопје сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени.