Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа следува период на стабилно и потопло време.