Во Скопје, слично време со умерен, повремено и засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 30 степени.
За следните денови, синоптичарите најавуваат период на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник и во среда ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен пораст.