Во Скопје претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во вторник попладне, во текот на ноќта, а особено во среда ќе има врнежи од дожд кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со појава на грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе има повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање.