Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 10 степени.
Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи. Во следните два дена дневната температура ќе биде во благ пораст, а потоа за време на викендот во опаѓање.