Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во текот на ноќта ќе има значителна ниска облачност и појава на магла.
Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Во Скопје претпладне со врнежи од дожд, попладне сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 5 до 15 Целзиусови степени.