Во Скопје наутро со услови за појава на магла, во текот на денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Поради повисоките температури на планините висината на снежната покривка постепено ќе се намалува. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури.