Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер и дневна температура од 29 Целзиусови степени. Маврово 20, Охрид 28, Битола 29, Крива Паланка и Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 34.
Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно, наутро со локален дожд. Од пладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност со слаб до умерен претежно северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 18 до 30 степени.