Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната до 24 степени.
За утре синоптичарите најавуваат претежно сончево и топло време со изолирана појава на дожд и грмежи попладне.
Во понеделник се очекува нестабилно време со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а од вторник следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.