Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во следните денови времето ќе биде сончево и топло со локална појава на облачност и со слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.