сабота, 27 јули 2024
Време

Сончево и топло со мала облачност

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Од утре под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува сончево и потопло време. Температурата ќе биде во пораст, а за време на викендот и на почетокот на неделата претежно во јужните делови ќе има услови за појава на попладневна нестабилност со повремен пороен дожд проследен со грмежи, наместа процесите ќе бидат и во вид на изолирано невреме со пороен дожд, грмежи и услови за град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ