Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 37 степени.
Според прогнозата на УХМР, од денеска во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во овој период ќе биде во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.