сабота, 27 јули 2024

Сончево и топло, попладне можно да заврне краткотраен пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачнос, прогнозираат од УХМРт. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. И во Скопје се очекувасончево и топло време со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Утринските температури се движат од 7 степени на повисоките места, до 14 степени на југозападот од Македонија. Максималните температури ќе се движат во интервалот од 18 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до 27 степени.

За викендот прогнозата е променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме. Во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ