сабота, 27 јули 2024
Време

Сончево и топло, попладне локална нестабилност и пороен дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе се движат од 18 до 28 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ