Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 35 Целзиусови степени.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период со претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме.