Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9, а максималната од 17 до 25 Целзиусови степени.