сабота, 27 јули 2024
Време

Сончево и топло, од утре облачно со врнежи од дожд

Вo Maкедонија денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а во источните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 16 до 27 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 25 степени.

Утре ќе има изолирана, а во четврток на повеќе места и нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Од петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе дува северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ