Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре и во сабота ќе дува слаб до умерен, а во недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура утре ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 15 до 27 степени.