Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од југоисточен правец.
Прогнозата и за утре е сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне во северните планински делови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 34 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.